Еурофарм Работник брзо се справи со Пролет

Лидерот во македонската Супер лига, Еурофарм Работник ја запиша десетата победа во шампионатот совладувајќи го Пролет со 35-26  .Битолчани влегоа надмоќно поведоа со 5-1 уште на стартот и само за неколку минути осигураа уште една суперлигашка победа.

За неполни дваесет минути, Еурофарм Работник веќе стигна до двоцифрена предност поведувајќи со 15-5 со четвртиот погодок на репрезентативецот Гоце Ојлески. Пролет целосно беше исфрлен од ритам, тешко доаѓаше во позиција за шут и уште потешко до реализација. Само четворица ракометари на скопскиот тим успеаја да се запишат во листата на стрелците по првото полувреме кое заврши со предност на домаќините од 20-10.

Еурофарм Работник ја задржа предноста и доминацијата и во второто полувреме. Милан Џукиќ беше незадржлив на одбраната на гостите, за петнаесетина минути во вториот дел постигна пет гола и ја зголеми предноста на битолчани на 29-17 на стартот од завршната четвртина. До крај се беше само рутинска работа за домашниот состав кој полесно од очекувањата стигна до уште една убедлива победа сезонава.

Милан Џукиќ со девет гола го предводеше Еурофарм Работник, а Доне Мајнов исто така со девет погодоци беше најпрецизен во нападот на Пролет.

Се вчитува...