Ракометниот вицешампион на Македонија, Еурофарм Работник го претстави петтото засилување сезонава, ракометарот од Босна и Херцеговина Марин Вегар. Босанскиот репрезентативец во Битола доаѓа од редовите на Стеауа. Пред Стеауа, искусниот ракометар беше дел од Нексе и Извиѓач. Покрај Вегар сезонава за клубот од Битола потпишаа и македонските репрезентативци Никола Митревски, Мартин Велковски, Бојан Маџовски како и словенечкиот интернационалец Ратајац.
Во дебитантската сезона од Лигата на шампионите, Еурофарм Работник ќе биде дел од Групата Ц во која се уште добро познатите шведски Савехов и Татран Прешов од Словачка. Во групата во која е македонскиот претставник се уште и фински Кокс, шпанската Бидасоа Ирун како и португалскиот Спортинг. Натпреварите стартуваат во втората половина од септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА