Ракометарите на Еурофарм Работник денеска стартуваа со подготивките за новата сезона во која ги очекува настапот во домашната Супер лига и деби настапот во европскиот Челинџ куп. Во првата фаза од подготовките, Еурофарм Работниќ ќе тренира во Битола, a потоа битолскиот суперлигаш ќе продолжи во Маврово. Во последната фаза од поготовките предвидено е одигрување на неколку контролни натпревари.
Во својата прва суперлигашка сезона, Еурофарм Работник лани заврши на петото место и обезбеди прв настап во европските купови. Од ланскиот состав си заминаа Барош и Адли, а како засилувања за новата сезона во Битола дојдоа македонскиот репрезентативец Гоце Ојлески и Црногорецот Марко Чампар.
Соработката со Еурофарм Работник ја продолжија Крстевски, Трајковски, Петровски и Чаневски како и двајцата најискусни ракометари во тимот, поранешните македонски репрезентативци Златко Мојсовски и Лазо Мајнов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА