РК Еурофарм Работник денес официјално ги започна подготовките за новата сезоната 2018/19. Под водство на новиот тренер Ѓорѓе Чирковиќ денес беше одржан првиот работен состанок и тренинг во спортската сала „Младост“.
Тој со неговите помошници го дефинираа планот за подготовки во првите три недели. Екипата ќе работи во Битола во првите 6-7 дена, па ќе се пресели на базични припреми во Маврово. Првиот појасен показател за новата екипа ќе биде струшкиот турнир, на кој Еурофарм Работник ќе учествува по втор пат во својата историја.
„Добив професионален повик од клубот и по само две средби се договоривме. Ми се допадна амбициозноста на претседателот и со задоволство доаѓам во Битола. Јас сум млад тренер, но сум слушал само убави работи за ракометна Битола, традицијата во овој град и фантастичната публика“, вели Чирковиќ.
Битолскиот суперлигаш се засили со Милан Ѓукиќ од Железничар Ниш, Благојче Трајкоски од Охрид, Никола Маркоски од Орошази и Никола Ивановиќ од Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА