Ракометарите на Еурофарм Работник со победа против Вардар јуниор од 29-22 (17-10) во 16. коло го завршија регуларниот дел од шампионатот во Суперлигата.
Битолчани без поголеми проблеми стигнаа до триумфот кој беше најавен уште од почетокот на мечот. Откако со седум гола предност се замина на полувремето, потоа откако Темелковски им даде шанса на сите ракометари само рутински домашните ја одработија задачата за конечна победа од 29-22.
Најефикасни кај домашните беа Дрогришки со 7 погодоци, како и Мсквилидзе и Ојлески со по 6 гола. Кај Вардар Јуниор се истиздвоија Кукуловски со 7 и Трпчевски со 6 погодоци.
По овој триумф, Еурофарм Работник се проби на челната позиција на табелата со 40 бода, еден повеќе од Пелистер кој за да го зачува првото место по регуларниот дел во последното коло ќе брка победа во Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА