Еуроникел подобар од „Академците“

Еуроникел како гостин славеше триумф над ФМП во 22. коло во кошаркарската прва лига. Кавадарчани ја оправдаа фаворитската улога, а победата од 87-76 можеше да биде и поубедлива, ако немаше опуштање во последниот период од страна на ФМП.

Еуроникел речиси во целиот меч ја имаше контролата на резултатот. На почетокот само ФМП имаше мала предност, а потоа кога Еуроникел го презеде водството, не го испушти до крајот на мечот.

Клучната предност кавадарчани ја стекнаа во третиот период, кој го добија со 11-25, за на крајот последниот период да го добие ФМП со 30-21, но недоволно за пресврт.

Најефикасен беше Мекуен со 32 поени, но без ефект, додека кај победничкиот тим Гавриловиќ беше најдобар со 19 поени.

Се вчитува...