Една од најдобрите млади пливачки на Македонија, Ева Петровска имаше одличен настап во првите два дена на Отвореното првенство на Србија во пливање. Денеска нашата пливачка го освои второто место на трката на 800 метри со време од 9:03.50 минути, што беше за само 32 стотинки послабо од првопласираната Теа Цулибрк.
Вчера на двојно пократката делница, Петровска исто така го освои сребрениот медал со време од 4:24.54 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА