Младата македонска пливачка Ева Петровска имаше успешен настап на ФИНА Светскиот пливачки Куп во Будимпешта. Таа беше поканета од унгарската пливачка федерација како една од десетте млади олимписки таленти и настапи во две дисциплини во кои постигна најдобри лични времиња како и најдобри македонски резултати за 2018 година на 400 метри слободно и на 800 метри слободно.
Делницата на 400 метри слободно таа ја преплива за 4:29.61 минути, а таа на 800 метри ја исплива за 9:18.77 минути. Ева Петровска има 14 години и дел од проектот „Олимписки надежи“ на ПФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА