Евакуиран „Енфилд“ пред мечот помеѓу Ливерпул и Атлетик Билбао

Наредена била итна евакуација на стадионот „Енфилд“ на кој денеска се среќаваат Ливерпул и Атлетик Билбао. Евакуацијата се случила непосредно пред почетокот на натпреварот, а причините  се непознати.

Сепак, и покрај неочекуваните пробеми, дуелот навреме започна, а по пет минути игра Ливерпул има предност од 2-0 над својот противник со головите на Нгумоха и Нуњез.

Полицијата треба да испита дали станува збор за некаква лажна тревога, или за нешто сосема друго. Инаку ова беше прв меч на Ливерпул на Енфилд по трагичната смрт на Диого Жота.

Се вчитува...