Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт со минимална победа од 1:0 над Келн синоќа го отворија шестото коло во Бундеслигата, а по натпреварот се случи интересна ситуација, се активира алармот на стадионот.
Имено, во моментите кога тренерот на Ајнтрахт, Ади Хутер одговараше на прашањата на новинарите, во 23.18 часот се огласи алармот на стадионот со порака: Почитувани гости, поради технички проблеми ве волиме за ваша безбедност да ја напуштите зградата.
Хутер првично збунето погледна околу себе, а потоа се насмеа и ја напушти прес-конференцијата.
На стадионот имаше уште неколку илјади гледачи кои исто така мораа да го напуштат, а десетина минути подоцна пред главната трибина пристигнаа две пожарникарски возила.
По проверките на пожарникарите е утврдено дека станува збор за лажен аларм кој наводно се активирал поради дефект во сауната во соблекувалната на домашниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
