Еван Фурние летово доста се поврзуваше со Олимпијакос, но како што стојат работите, тој нема да ја продолжи кариерата во Евролигата, иако претходно доби отказ од Детроит Пистонс.
Францускиот играч истакнува дека не го интересира вакво сценарио.
„Тоа не е нешто што го имам на ум. Остнувам во НБА и не доаѓам во Евролигата. Меѓународните натпревари секогаш се нешто убаво и мислам дека форматот е многу добро осмислен. Има навистина добри тимови и конкуренцијата е постојано посилна”, рече Фурние.
Има 31 година и има играно за Денвер Нагетс, Орландо Меџик, Бостон Селтикс, Њујорк Никс и Детроит Пистонс во НБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА