Ветеранот во одбраната на Манчестер Јунајтед, Џони Еванс, призна дека се восхитува на силата на менаџерот на тимот Ерик тен Хаг. Гласините за отказот на Холанѓанецот го придружуваа речиси целиот негов престој досега на Олд Трафорд, но и покрај тоа тој продолжува да стои на сопствената филозофија, незасегнат од надворешните шпекулации тврди Еванс.
„Црвените ѓаволи“ го забележаа својот најлош старт во Премиер лигата досега и покрај тоа што Тен Хаг не беше заменет за време на репрезентативната пауза, тој останува фаворит на обложувалниците да стане следниот менаџер отпуштен во Премиерлигата.
„Тен Хаг е многу силен човек и му се восхитувам поради тоа. Можете да видите дека тој е многу принципиелен во начинот на кој сака да работи и исто така во начинот на кој сака да се однесува како личност. Многу ретко се менува. Покажува вистинска сила во тоа кој верува дека е и кој сака да биде. Секогаш е многу позитивен и неговата порака е секогаш иста“, рече Еванс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА