Еве го објаснувањето: Гарсија ја допре топката, затоа голот на Мбапе е регуларен

Голот на Килијан Мбапе за победа на Франција во големото финале од Лигата на Нации е регуларен и во согласност со правилата на фудбалската игра.

Шпанците гласно протестираа веднаш по погодокот, за по завршувањето на финалето да се добие и детално објаснување зошто Мбапе не бил во офсајд – поради фактот дека Гарсија имаше контакт со топката по обидот за додавање на Тео Хернандез.

„Клучната точка во правилата е следната: Играч што се наоѓа во офсајд, доколку потоа добие топка од противнички фудбалер, тука вклучувајќи и намерна ирга со рака, се смета дека не се здобил со предност и повеќе не е во офсајд. Ерик Гарсија со намера стартува на топката и има допир со неа, со што се „ресетира“ целокупната офсајд-ситуација и Мбапе повеќе не е во офсајд позиција. Ако Гарсија целосно ја промашеше топката, голот ќе беше поништен. Исто така, во предвид се зема и фактот дека Мбапе беше оддалечен од Ерик Гарсија и немаше никаков притисок од него врз шпанскиот фудбалер бидејќи ако имаше дуел меѓу нив двајца офсајдот ќе се активираше“, се вели во објаснувањето на судиските аналитичари веднаш по завршувањето на финалето.

Делува тотално неразумно, бидејќи Гарсија е принуден да реагира бидејќи во моментот не може да знае дали Мбапе е во офсајд, а токму тој минимален контакт се покажува решавачки за трофејот од Лигата на Нации да заврши во рацете на француските репрезентативци.

Се вчитува...