Се уште се играат квалификациите за Лигата на шампионите, а Адидас веќе ја промовираше новата топка со која ќе се играат натпреварите од елитното европско натпреварување во сезоната 2018/19. Германската компанија ја опишува топката како „најдобра досега“, но јасно е дека конкретни коментари ќе може да се дадат по почетокот на групната фаза, кога фудбалските ѕвезди ќе можат на дело да ги испробаат нејзините квалитети, но и да предупредат на евентуалните недостатоци.
Official Champions League 2018/19 group stage matchball. pic.twitter.com/UlbGJSWyOF
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) August 1, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА