Еве како Винициус го провоцираше Престиани цел натпревар (ВИДЕО)

Фудбалскиот свет е поделен на оние кои пукаат со сите оружја кон Бенфика и Џанлука Престијани поради наводни расистички навреди против Винициус Жуниор, и оние кои го сметаат Бразилецот за провокатор.

Се појави ново видео кое му претходеше на целиот хаос на стадионот „Луж“, поради што натпреварот Бенфика – Реал беше прекинат повеќе од десет минути.

Од една страна, Винициус е провокатор, а самиот Жозе Мурињо рече дека Бразилецот не требало да го прослави постигнатиот гол на несоодветен начин. Сè уште е непознато, а можеби никогаш нема да се дознае со сигурност, што му рекол Аргентинецот на Винициус. Тој го стави дресот преку уста, додека од друга страна, постојат само сведоштва од играчи на Реал дека го нарекол Бразилецот „мајмун“.

Се вчитува...