Ливерпул денеска потврди дека го продолжил договорот со египетскиот напаѓач Мохамед Салах на дополнителни две години. Салах во Ливерпул пристигна во 2017 година од италијанскиот клуб Рома, а летово ќе можеше да го напушти водечкиот тим во Премиер лигата без обештетување бидејќи имаше договор до крајот на јуни.
Англиските медиуми ги објавија условите за продолжување на соработката. Како што истакнува Дејли Мејл, Салах според новиот договор ќе заработува 375.000 фунти (околу 432.000 евра) неделно, а со овој договор Ливерпул го прекршил своето правило за продолжување на договорите за играчи над 30 години.
Египетскиот фудбалер оваа сезона одигра 45 меча, со учинок од 32 гола и 22 асистенции. За клубот од Енфилд со кого освои се што можеше да се освои, постигна 243 гола и асистираше за 111 во 394 одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА