Еве колку заработи Бодо Глимт со пласманот во 1/8 финалето во ЛШ

ФК Боде/Глимт продолжи со својата неверојатна игра елиминирајќи го Интер Милан во плејофот од осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА.

Со овој нов подвиг, норвешкиот тим обезбеди место меѓу 16-те најдобри тимови во Европа, како и значителна финансиска корист. Со победа од 2:1 на стадионот „Сан Сиро“, тие го потврдија вкупниот резултат од 5:2 и се квалификуваа во следната рунда , со што го продолжија својот настап во елитното натпреварување барем до средината на март.

Во осминафиналето, тие можат да играат против Манчестер Сити , кого веќе го победија во лигашкиот дел, или против Спортинг Лисабон, а противникот ќе го дознаат по ждрепката закажана за петок.

Со пласманот меѓу првите 16, клубот собра дополнителни 11 милиони евра. Кога на тоа ќе се додадат претходно обезбедените средства преку пласман во лигата, постигнатите резултати, клупскиот коефициент и маркетиншкиот удел, вкупната заработка на Боде/Глимт оваа сезона во Лигата на шампионите достигнува приближно 51 милион евра.

Се вчитува...