Освен вообичаените препораки што арбитрите ги обија од Судискиот комитет на ФИФА, светската куќа на фудбалот особено внимание посвети на објаснување на ВАР-технологијата, која за првпат ќе се користи на мундијалите. Кон средината на март во Дубаи беше одржан семинар и тренинг, а избрани беа 13 врвни судии кои во текот на мундијалот ќе бидат прераспределувани за секој меч од СП 2018. Тие натпреварите ќе ги следат во „централна оперативна сала во Москва“, каде ќе се гледаат сите мечеви на мундијалот.
Воедно, ФИФА јасно стави до знаење дека ВАР не носи одлуки, туку само му помага на судијата во процесот на одлучување. Конечната одлука може да ја донесе само главниот судија. Новост е што за да се намали тензијата и неизвесноста на трибините, ФИФА реши спорните ситуации да можат да се погледнат на големите семафори на стадионите, за сите присутни да знаат за што станува збор.
Воедно, јасно е потенцирано дека ВАР технологијата може да се користи само во четири ситуации.
- Да се утврди дали голот е регуларен, дали топката ја минала гол-линијата и дали има евентуален прекршок од екипата што е во напад во акцијата непосредно при постигнувањето на голот.
- За утврдување на пенали, дали некој прекршок во шеснаесетникот бил за најстрога казна или не.
- За ситуации и инциденти кои согласно правилата значат доделување на директен црвен картон
- За ситуации кога е неопходно да се утврди точниот идентитет на играчот.
Во текот на натпреварот судискиот ВАР тим ќе ги поверува сите случки поврзани со овие четири ситуации и ќе биде во комуникација со главниот судија. ВАР ќе се примени само во случај на очигледни грешки или посериозни инциденти.
Судиите добија јасни упатства кога би требало да прифатат информација од ВАР-тимот, за да ја прегледаат уште еднаш снимката:
- Голови – при фаул на напаѓачот пред постигнување на голот или при офсајд.
- Пенали – евентуални грешки кои довеле до пенал, и дали имало или не контакт за пенал.
- Сите можни инциденти поврзани со доделување на црвен картон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА