Голем дел од навивачите се бесни на Леонардо Бонучи, но Јувентус ја потврди својата големина откако најтрофејниот италијански клуб се прости од својот долгогодишен првотимец објавувајќи видео со неговите најдобри моменти во дресот на „старата дама“, со специјална посвета до извонредниот дефанзивец.
„Леонардо Бонучи дојде во Јувентус во 2010 година. Млад, со големи амбиции, а Јувентус реши да ја фокусирата својата иднина на него. „Иднината“ секогаш беше слоганот поврзан со Лео, како најава за целите што треба да се исполнат, желбата тоа да го сториме заедно и да доживееме бројни незаборавни искуства. Така и беше, Бонучи за кратко време стана столб на одбраната што низ годините прерасна во број еден во светот. Само две години по неговото доаѓање почна и да освојува трофеи… не застана до шест скудета, три Купа на Италија и три Супер-купа на Италија. Беше тука и во радосните моменти и кога беше тешко, Лео беше еден од оние кои беа тука за новите играчи, да дознаат што поскоро што значи да се биде дел од Јувентус. Тој тоа го знае многу добро, со своите 319 натпревари на кои постигна 19 гола, исто како и бројот на неговиот дрес. Сега ќе носи поинаков дрес, а ние можеме само да го поздравиме и да му посакаме многу среќа во иднината, како и да му се заблагодариме за седумте прекрасни години минати заедно“ – се вели во пораката на „старата дама“.
Grazie di tutto, @bonucci_leo19! https://t.co/c5XeMR53ct pic.twitter.com/451TYq2jsJ
— JuventusFC (@juventusfc) July 14, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА