Жозе Мурињо во неколку наврати во изминатите две години го „пецкаше“ Јирген Клоп за неосвојувањето на трофеи со Ливерпул, за на крајот токму германскиот стратег да му пресуди на „специјалниот“ во неговите обиди да се задржи на клупата на Манчестер јунајтед. Англиските медиуми го посочуваат токму Клоп како главен „крвник“ на Мурињо, со оглед на фактот дека стратегот на Ливерпул веќе три пати му го нанесува клучниот удар на Португалецот, за да остане без работа.
Првиот пат се случи во сезоната 2012/13, кога Клоп како предводник на Борусија Дортмунд го елиминираше Мурињо со Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите. На крајот од таа сезона португалскиот стратег доби отказ, а како главен неуспех беше посочен „киксот“ во најголемото европско натпреварување.
Жозе потоа се пресели во Челси, а кон крајот на 2015 година загуби од Ливерпул на Клоп со 3-1, по што доби отказ од Роман Абрамович. Интересно, тоа се случи на 17 декември 2018 година, па Јунајтед задоцни за еден ден за отказот од клупата на „ѓаволите“ (повторно по пораз од Клоп, со идентични 3-1) да се случи на „јубилејот“ од неговото заминување од „Стемфорд бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА