Еве зошто навивачите на Бетис се најдобри во светот!

Фотографиите од неверојатниот амбиент на трибините во Севилја и теренот прекриен со плишани играчки во хумана акција, денеска го обиколија светот.

Фудбалерите на Бетис денеска одиграа нерешено (1-1) со Еибар, малку недостасуваше тимот од Севилја да дојде до нова победа и да се приближи на бод разлика од екипите во Шпанија што се во зоната за пласман во Лигата на шампионите.

Домаќините поведоа со Голот на Санабрија во 21.минута, но Еибар во 72. минута успеа да изедначи со погодокот на Орелан од пенал и да освои бод.

Но, дуелот од 17. коло во шпанската Ла лига сепак го обележа потегот на навивачите на Бетис кои на полувремето го преплавија теренот со плишани играчки,кои че им бидат донирани на загрозените семејства во овој дел од Шпанија.

На денешниот натпревар сите навивачи носеа зелени капчиња и во празнична атмосфера го бодреа својот тим.

Се вчитува...