Суспензијата изречена за Јаник Синер е тема која ги окупира сите светски медиуми. Асошиејтед прес побара објаснување од Светската анти-допинг агенција зошто Синер е суспендиран на три месеци, а шпанската натпреварувачка во уметничко лизгање Лаура Баркеро на шест години поради злоупотреба на истата забранета супстанција.
Шпанските медиуми го свртеа вниманието на случајот со лизгачката Лаура Баркеро, која беше позитивна на Колостебол, истата супстанца на која беше позитивен и Јаник Синер и која беше суспендирана на шест години. Синер, по спогодбата, доби тримесечна суспензија.
„Главната разлика помеѓу двата случаи е тоа што објаснувањето на госпоѓица Баркеро за тоа како супстанцата влезе во нејзиното тело не беше убедливо во светлината на доказите и тие околности останаа непознати што се однесува до ВАДА. Во случајот на Синер, доказите го поддржуваат она што тој го кажа во неговото депонирање“, соопшти ВАДА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

