Олимпијакос го освои првиот европски трофеј во историјата, во големото финале во Атина „црвено-белите“ по продолженија ја совладаа Фиорентина со 1-0.
Ретко кој очекуваше ваков расплет, посебно по првите осминафинални натпревари. Ова е поткрепено со предвидувањата на специјализираната платформа „ОПТА“ во тој момент.
Верувале или не, Олимпијакос доби мизерна шанса по поразот со 4-1 од Макаби Тел Авив во Пиреа. Сосема логично, но тие шанси беа само 0,1 отсто!
Шансите Олимпијакос дури и да оди во следната фаза од натпреварувањето беа проценети на 2,5 отсто. Сепак, грчкиот тим победи со 4-1 на неутрален терен во Бачка Топола, по продолженијата имаше и сензационални 6-1 за пласман во четвртфиналето.
Потоа до големото финале по ред паднаа Фенербахче, Астон Вила и на крај Фиорентина. Сите останати екипи, според оценката на платформата „ОПТА“, имаа многу поголеми шанси за освојување на трофејот по првите осминафинални натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА