Англискиот премиерлигаш Евертон ги разгледува опциите за раскинување на договорот со Вејн Руни. Според информациите од Островот, тој не е во плановите на раководството на клубот за следната сезона, иако има актуелен договор до јуни 2019 година.
Руни се врати на „Гудисон парк“ изминатото лето, а до овој момент постигна десет гола за Евертон во Премиер – лигата. Тој има понуди да ја продолжи кариерата во Кина и во МЛС – лигата на САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА