Американскиот конзорциум „777 Партнерс“ денеска официјално стана мнозински сопственик на тимот на Евертон, објави англискиот клуб на својот официјален сајт.
Оваа компанија е сопственик на неколку клуба, како што се Севилја, Херта и Стандард Лиеж. Британско-иранскиот бизнисмен Фарад Мошири се реши да продаде 94% од својот уддел во клубот.
Мошири во 2016 година инвестираше повеќе од 750 милиони фунти во клубот. Тимот минатата сезона едвај го избори опстанокот, а не почна добро ниту оваа каде му престои сериозна битка за останување во најдоброто англиско друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

