Премиерлигашот Евертон дефинитивно ќе добие нов сопственик, бидејќи е постигнат договор да го преземе американскиот инвестициски фонд 777 Партнерс.
Сопственикот на „карамелите“ Фархад Мошири се согласи да продаде 94% од акциите на фонд со седиште во Мајами. Со ова завршува ерата на британско-иранскиот бизнисмен, која започна во 2016 година.
Неговата ера не беше популарна меѓу навивачите на Евертон, што не е ни чудо со оглед на опаѓачките резултати на клубот, каде во последните сезони реалноста е борбата за опстанок.
Со ова преземање половина од премиерлигашките клубови се сопственици од САД. Фондот 777 Партнерс ги има под своја контрола Севилја, Херта, Стандард Лиеж, а исто така купи 45% од британската кошаркарска лига во 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

