Евертон е претпоследниот патник во четвртфиналето на ФА Купот

Евертон ја потврди фаворитската улога против Борхан Вуд и го завери своето место во четвртфиналето од ФА Купот откако на „Гудисон Парк“ славеше со 2-0. Натпреварот го отвори Рондон во 57. минута, а потоа и ја осигура победата со погодок во 84. минута од мечот.

Евертон во четвртфиналето им се приклучи на Кристал Палас, Ливерпул, Челси, Миделсборо, Саутемптон и Манчестер Сити, а последниот патник ќе биде познат по средбата помеѓу Нотингем Форест и Хадерсфилд.

Се вчитува...