Англискиот премиерлигаш Евертон го продаде својот голгетер Ромелу Лукаку на Манчестер јунајтед за сума од 75 милиони фунти, а дел од оваа сума ќе инвестира за да го доведе Кристијан Бентеке во своите редови. Менаџерот Роналд Куман ги има на располагање Сандро Рамиреш и Вејн Руни, кои дојдоа ова лето, но сака во навалната линија да го има и Белгиецот Бентеке.
Евертон е подготвен да плати 30 милиони фунти за Бентеке, кој од минатата сезона го носи дресот на Кристал Палас. Претходно беше во Ливерпул, а сега би можел да дојде во најголемиот градски ривал.
За Бентеке е заинтересиран и првакот Челси. Тој минатата сезона беше стрелец на 17 гола за Кристал Палас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА