Евертон го врати искусниот голман Асмир Беговиќ , кој потпиша едногодишен договор. 37-годишниот Босанец беше фудбалер на „карамелите“ во периодот од 2021 до 2023 година, но минатата сезона играше како стартер за Квинс Парк Ренџерс во Чемпионшип. Неговиот договор со лондончани истече и сега се врати на Гудисон Парк.
Беговиќ, кој ќе биде замена за англискиот репрезентативец Џордан Пикфорд , е шестото засилување на Евертон ова лето по Џек Харисон, Јеспер Линдстром, Илиман Ндијаје , Џејк О’Брајан и Тим Ирогбунам.
Во својата кариера ги бранеше боите на англиски Портсмут, Максфилд Таун, Јеовил Таун, Ипсвич, Стоук Сити, Челси, Борнемут, Карабах во Азербејџан и Милан во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА