Премиерлигашите Нотингем Форест и Евертон ќе се соочат со казна поради прекршување на финансискиот фреј-плеј, соопшти елитното фудбалско првенство. Двата тима се упатени кон независна комисија за прекршување на правилата за профит и одржливост за сезоната 2022/23.
Во следните денови ќе заседува комисија која ќе ја одлучи казната за овие два тима која најчесто значи одземање на бодови. Како потсетување, оваа сезона на Евертон веќе му беа одземени десет бодови поради ист прекршок, но за сезоната 2021/22.
Со можното одземање на бодови и Нотингем Форест и Евертон ќе се најде во зоната која води во Чемпионшипот следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА