Челси тешко доаѓа до нови засилувања ова лето. „Сините“ се мачат во преговорите за ангажманот на стоперот Весли Фофана, но и за ангажманот на фудбалерот на Евертон, Ентони Гордон. 21-годишникот беше последна трансфер цел на Томас Тухел, но понудата од 45 милиони фунти денеска беше одбиена.
Евертон го проценува својот млад бисер на 50 милиони фунти и не отстапува од оваа сума. Како адут Челси може да внесе и друг фудбалер во преговорите со оглед на желбите на Френк Лампард да донесе засилувања од својот поранешен клуб, но се чини дека на крајот ќе пропадне соработката по „нереалните“ барања на „тофиси“.
Ентони Гордон кој e дел од Евертон од 2021 година на отварањето на новата сезона се покажа во одлично светло токму против Челси, а со тоа го припами погледот на германскиот стратег. Импресиониран од младиот фудбалер беше и легендата на „сините“, Џон Тери кој имаше пофали зборови велејќи дека пред него е фантастична кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

