Евертон успеа да излезе од опасната зона, откако на тимот му одзедоа 10 бодови. По победата над Њукасл пред неколку дена, тимот на Шон Дајш го победи Челси со 2-0, чија агонија продолжува сезонава во премиерлигата, и тимот падна на дури 11 позиција на табелата.
Евертон не го надигра својот противник, имаше далеку помал посед на топката, помалку шутеви, меѓутоа успеа да дојде до вредни три бода, и да стигне до третата по ред победа. Стрелец на првиот гол беше Дукуре во 54. минута од средбата, за во судиското надополнување Добин да го совлада вториот голман Петровиќ и ја донесе победата за „карамелите“. Претходно во 84. минута им се повреди првиот голман Санчез.
Манчестер Сити се очекуваше да дојде до лесна победа, но оваа екипа без Ерлинг Халанд тешко игра, а тоа го покажа и на дуелот во кој важеше за голем фаворит. Шок за момците на Гвардиола донесе Адебајо во втората минута од судиското надополнување, кога донесе предност за Лутон.
Сепак, Манчестер Сити за само три минути дојде до пресврт. Бернарндо Силва во 62. минута израмни, а во 65. минута Грилиш успеа да го сврти резултатот и да дојде до победата.
Фулам со „петарда“ го понижи тимот на Вест Хем. Победникот беше решен уште по првиот дел, кога домашните имаа предност од 3-0.
Хименез во 22. минута донесе предност, а Вилијан во 41. минута и Адарибиојо во 40. минута го однесоа Фулам до 3-0. Вилсон во 60. минута зголеми на 4-0, а во 89. минута Карлос Виницус ги постави конечните 5-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА