Евертон има план да го задржи голманот Џордан Пикфорд и по истекот на неговиот договор во 2027 година. Клубот од Премиер лигата се подготвува да му понуди нов договор на англискиот репрезентативец и да го задржи искусниот голман во својот тим. Пикфорд, кој ќе наполни 32 години следниот март, се смета за клучен дел од тимот на „Карамелите“ во блиска иднина.
Пикфорд е веќе осум години дел од „сините“ од Ливерпул, а во меѓувреме стана прв голман на англиската репрезентација, и досега собра 76 настапи.
И покрај тоа што во минатите години имаше интерес од неколку поголеми клубови, сепак, на крајот Евертон одолеваше од сите понуди, и Пикфорд веќе осма година е на голот на Евертон, со можност да биде и во следните пет, со што ќе собере вкупно 13 години како прв голман на овој тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

