Францускиот интернационалец Елаким Мангала во последниот ден од зимскиот преоден рок повторно го напушта Манчестер сити и заминува на позајмица во редовите на Евертон. Тој и сезоната 2016/17 ја мина како позајмен играч, но во шпанскиот прволигаш Валенсија, а иако „лилјаците“ сакаа уште еднаш да го доведат, сепак, Манчестер сити одлучи да го испрати во Евертон.
На „карамелите“ им е потребен квалитетен дефанзивец, а менаџерот Сем Алардајс смета дека Мангала ќе одговори на неговите потреби. Од Евертон си замина напаѓачот Сандро, кој како позајмен играч во наредните шест месеци ќе настапува за Севилја, а можно е до крајот на денот и фудбалерот за врска Деви Класен да биде отстапен во калчолигашот Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА