Евертон конечно добива нови сопственици

Англискиот премиерлигаш Евертон ќе добие нови сопственици откако по долги преговори конечно беше постигнат договор за купо-продажба од страна на семејството Фридкин во вредност од 500 милиони евра.

Трансакцијата сега останува да биде одобрена од страна на Премиерлигата, ФА и од телото за финансиска регулација на Велика Британија.

Интересно, семејтвото Фридкин и нивната групација „Фридкин“ е и газда на италијанскиот прволигаш Рома.

Со тоа фановите се надеваат дека ќе дојдат и подобри денови на „Гудисон Парк“ со оглед на тоа што во последните сезони тимот мака мачи да се најде во горниот дел од табелата. Така е и оваа година во која „карамелите“ го имаат еден од најлошите стартови во историјата, без победа на пет одиграни натпревари и четири порази.

Се вчитува...