Евертон, конечно, победи, Ватфорд тоне кон Чемпионшип

Евертон ја прекина серијата од четири премиерлигашки порази, славејќи со убедливи 3-0 над Лидс и најавувајќи подобри денови по доаѓањето на Френк Лампард на чело на „карамелите“.

Тимот од Ливерпул експресно го остави зад себе разочарувачкиот пораз од Њукасл во минатото коло, па денешниот триумф го осигура уште во првото полувреме, со головите што ги постигнаа дефанзивците Колмен и Кин. Конечните 3-0 во второто полувреме ги постави Ришарлисон.

Ватфорд тоне кон Чемпионшип-дивизијата откако предводен од Рој Хоџсон претрпе пораз на домашен терен од Брајтон со 0-2.

Во третиот меч што беше на програмата попладнево во Премиер-лигата, Брентфорд и Кристал Палас ремизираа 0-0.

Се вчитува...