Евертон дојде до победа во дуелот со Барнли, кој тоне се подлабоко кон Чемпионшип со новиот пораз. „Карамелите“ на крајот славеа со 2-0, со по еден гол во двете полувремиња.
Во 32. минута Евертон праткично од својата прва посериозна шанса, дојде до предност. Тарковски скокна највисоко по една нафрлена топка од Гарнер, и со глава го најде патот до мрежата.
На 2-0 во 60. минута зголеми Девсбури-Хал. Играчот на домашниот тим погоди по една перфектна акција, и од левата страна успеа да ја зголеми предност.
Сандерленд од пенал стигна до трите бода во дуелот со Лидс на гостински терен. Стрелец на голот беше Диара, кој успешно го изведе ударот од 11 метри по средината на голот на домашните.
Во третиот меч во овој термин, Борнмут и Брентфорд одиграа без голови. Борнмут имаше две супер шанси преку Таверние, но во два наврати ја погоди стамо стативата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

