Манчестер Сити се врати на пет бода заостанување зад Ливерпул откако актуелниот премиерлигашки првак славеше на гостувањето против Евертон со 1-3.
„Карамелите“ се обидоа да приредат изненадување, но немаа сили против расположениот состав на Пеп Гвардиола. Сити ја пропушти првата стопроцентна шанса откако Гундоган од два метри ја погоди само гредата. Резултатот го отвори Хесус на асистенција на Де Бруине, но Евертон успеа да израмни преку Калверт Луин пред крајот на полувремето.
Резултатот беше израмнет се до 20 минути до крајот, кога Марез од слободен удар го најде патот до мрежата на Пикфорд. Точка на победата стави Рахим Стерлинг, кој со помош на гредата ја смести топката зад гол-линијата, за планирани три бода на актуелниот првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА