Евертон нема да го брка Лампард: Не веруваме дека отказот ќе ја смени ситуацијата

Френк Лампард останува да биде тренер на Евертон. Раководството на клубот е убеден дека отпуштањето на тренерот нема да ги подобри нивните шанси за останување во Премиерлигата. Тоа значи дека легендарниот фудбалер останува на кормилото најмалку до крајот на сезоната.

Во исто време управата ја искажа својата загриженост за тешката ситуација во клубот оваа сезона во Премиерлигата.

Евертон се наоѓа на 17. место на табелата со 25 бода од 29 натпревари и само на еден бод од зоната на испаѓање. Следниот натпревар на Евертон е утре против Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...