Македонскиот интернационалец Илија Несторовски повторно е во одлична голгетерска форма, а со тоа се обнови и интересот за него од англискиот премиерлигаш Евертон. Сопственикот на овој клуб, Фарад Мошири, има намера да купи нов напаѓач во зимскиот преоден рок, а иако негова главна желба е Алексис Санчез од Арсенал, сепак, реалноста вели дека Несторовски е голгетерот што би можел да ги засили „карамелите“.
Евертон вложи многу во нови засилувања изминатово лето, но откако замина Ромелу Лукаку тимот не може да се препознае. Тому затоа раководството на клубот сака да купи нов напаѓач во јануари, а вниманието е насочено кон Алексис Санчез и кон Илија Несторовски. Мошири е подготвен да плати и 30 милиони фунти, колку што бара Арсенал, за да го добие Алексис Санчез, но тешко веројатно е дека Чилеанецот ќе го одбере Евертон, со оглед дека речиси е договорен со Пеп Гвардиола и Манчестер сити. Ова отвора голема можност за Нестор-гол да долета во редовите на Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА