Младиот италијански фудбалер, Моисе Кеан летово го напушти Јувентус и се пресели во Евертон за сума од 30 милиони фунти. Кеан не се вклопи во премиерлигашот каде на 11 натпревари се уште е без постигнат гол.
Минатата сезона тој одигра неколку неверојатни настапи за италијанскиот гигант, но многумина сметаа дека Евертон направи грешка што издвои 30 милиони за младиот фудбалер. Покрај слабите игри на теренот, неговото однесување и надвор од терените е скандалозно. Имено тој веќе втор пат сезонава е казнет поради доцнење на тренинг. На натпреварот со Саутемптон тој отпатува со клубот, но мечот го следеше од трибините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА