Евертон по продолженија подобар од Тотенхем во меч со девет гола (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар ни понудија фудбалерите на Евертон и Тотенхем во осминафиналето од ФА купот. Тимот од Ливерпул по продолженија успеа да слави над Тотенхем со 5-4. Гостите поведоа со голот на Санчез во третата минута, по што следеа фуриозни седум минути за домаќините кои со головите на Калверт Луин, Ришарлисон и Сигурдсон стигнаа до предност од 3-1, за да во судиското надополнување Ламела намали на 3-2.

Санчез со својот втор гол во 57. израмни на 3-3. Ришарлисон донесе ново водство за домаќините (4-3) во 68. минута, а Хари Кејн со гол во 83. го одведе мечот во продолженија. Бернар во 97. минута го постигна победничкиот погодок и донесе пласман за „карамелите“ меѓу осумте најдобри.

 

Се вчитува...