Фудбалерите на Евертон стигнаа до голема победа во борбата за опстанок откако денеска на домашен терен со 2-0 славеа над Нотингем форест во меч од 34. коло во англиската Премиерлига.
Домаќините до водство од 1-0 стигнаа во 29. минута со погодокот на Геј. Конечните 2-0 беа дело на Мекнил во 76. минута. На крајот натпреварот го обележа тешката повреда на фудбалерот на домаќините Бето кој по дуел со Гибс Вајт остана без свест.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

