Англискиот фудбалски клуб Евертон, денеска поднесе жалба на одлуката на Премиерлигата за одземените 10 бодови поради кршење на финансиските правила.
Независната комисија на Премиерлигата му изрече на Евертон нажестока казна во историјата на првенството, и му одзде 10 бодови, по што тимот се најде на дното на табелата.
Клубот поднесе жалба до судскиот совет на Премиерлигата, а сега ќе биде именуван жалбен одбор кој ќе има сослушување. Жалбата ќе биде сослушена, и конечна одлука ќе биде донесена до крајот на сезоната, пренесува Би-Би-Си.
Евертон смета дека казната е превисока. Од 14 место тие паднаа на претпоследното 19 место, со мали шанси да се спасат од испаѓање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

