Евертон се засилува од Шпанија

Евертон наскоро ќе промовира ново засилување во името на Тијери Бeри, 22-годишниот напаѓач кој во редовите на премиерлигашот ќе пристигне од Вилјареал за 27 милиони фунти.

Бeри ќе биде решението за проблематичната напаѓачка позиција по заминувањата на Доминик Калвер-Луин кој стана слободен фудбалер по истекот на договорот и Армандо Броја на кој му заврши позајмицата од Челси.

Бeри имаше откупна клаузула од 34.5 милиони евра во договорот со Вилјареал, но англискиот и шпанскиот тим постигнаа договор за нешто помала сума за трансфер на фудбалерот кој минатата сезона постигна 11 голови и асистираше за четири на 38 одиграни средби.

Се вчитува...