Евертон го совлада Барнли со 2-0 во првиот натпревар од претпоследното 37. коло во англиската Премиер-лига. Победникот беше решен уште во првото полувреме. Домаќините поведоа со 1-0 со автоголот на Бен Ми во 17. минута, а три минута подоцна Шејмус Колман го удвои водството на својот тим, што на крај се покажа и како конечен резултат на мечот.
Натпреварот немаше резултатско значење, бидејќи Евертон е осми и е далеку од местата кои водат во Европа, а Барнли уште пред некое коло успеа да обезбеди опстанок во најсилното англиско фудбалско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА