Евертон со двоен шопинг во Барселона

Евертон продолжи со ангажманот на нови фудбалери и пред самиот крај на преодниот рок, комплетирајќи ги ангажманите на уште две големи засилувања од Барселона. Откако претходно беше договорен трансферот на Лукас Дињ, од денеска нови членови на „карамелите“ се и португалскиот ас Андре Гомеш, како и Јери Мина.

Гомеш пристигнува на едногодишна позајмица, додека за Мина се платени огромни 32 милиони евра, што значи заработка од околу 20 милиони за Барселона од фудбалерот што речиси и да не играше за каталонскиот гигант, но затоа имаше импресивен настап на Мундијалот во Русија.

Во завршна фаза се преговорите за уште еден одбранбен играч, Курт Зума, кој треба да дојде на позајмица од Челси откако ланската сезона ја мина во дресот на Стоук.

Се вчитува...