Евертон со пресврт над Свонси до нови три бода

Евертон ја продолжи низата на пет натпревари без пораз (четири победи и едно реми) откако на клупата седна Сем Алардајс, со победата над Свонси од 3-1 на „Гудисон“ го комплетираа 18. коло во Премиер – лигата. Избраниците на „Биг“ Сем мораа да се намачат за трите бода, откако во 35. минута Лирој Фер донесе водство за „лебедите“, а израмнувачкиот погодок стигна во дополнителните минути од првото полувреме благодарение на Калверт Луин, кој со својата брза реакција го совлада искусниот Фабијански кој претходно го одбрани ударот од белата точка на Вејн Руни.

Водечкиот погодок за „карамелите“ го постигна Гилфи Сигурдсон во 64. минута. Екс-голманот на Арсенал не можеше да направи ништо по прекрасниот удар од далечина во изведба на Исланѓанецот. Конечните 3-1 ги постави Руни од пенал. Англичанецот овој пат беше прецизен, откако судијата Џонатан Мос по втор пат досуди најстрога казна на средбата во корист на домаќините.

Еверотн со оваа победа се искачи на горниот дел од табелата, поточно на 9. место со 25 бода, додека екипата на Свонси останува на дното на табелата со само 12 бода.

http://www.dailymotion.com/video/x6bvivchttp://www.dailymotion.com/video/x6bvj9nhttp://www.dailymotion.com/video/x6bvkarhttp://www.dailymotion.com/video/x6bvkot

Се вчитува...