Евертон целосно доминира на трансфер пазарот – По Ван де Бек и Лампард, доаѓа и Деле Али

Неполн час откако го промовираше Френк Лампард за нов менаџер, управата на Евертон донесе уште едно екстра засилување, Деле Али од Тотенхем.

Деле Али во наредните неколку часа треба да ги помине лекарските прегледи и официјално да биде промовиран во нов фудбалер на Евертон. Иако се споменуваше позајмица, Али ќе потпише долгорочен договор со „карамелите“.и Деле Али

Англискиот репрезентативец сезонава одигра 18 натпревар за Тотенхем, беше стартер на само осум и запиша два гола и една асистенција., но и покрај тоа не го убеди Антонио Конте дека заслужува да остане во тимот од Лондон.

На последниот ден од зимскиот преоден рок, Евертон е еден од најактивните клубови и денескав веќе реализира три потписи. Прво беше ангажиран Дони ван де Бек од Манчестер јунајтед на шестмесечна позајмица, а потоа беше донесен и Френк Лампард за нов менаџер. Поранешниот фудбалер на Челси, доаѓа на местото на Рафаел Бенитез кој доби отказ поради слабите резултати.

Во следните часови се очекува и Деле Али официјално да биде промовиран во нов играч на Евертон, додека не е исклучено до крајот на денот на „Гудисон парк“ на шестмесечна позајмица да пристигне и Лука Јовиќ од Реал Мадрид.

 

 

 

Се вчитува...