Евертон во два дена донесе две засилувања

Рубен Винагре и Двајт Мекнил се нови фудбалери на Евертон. Премиерлигашот кој стравуваше за своето место во Премиерлигата претходната сезона по ангажманот на Џејмс Тарковски долго време не беше активен на трансфер маркетот, а сега во два дена донесе две засилувања.

Винагре кој ја покрива левата бековска позиција на „Гудисон Парк“ доаѓа на едногодишна позајмица од редовите на Спортинг Лисабон и за 23-годишникот тоа воедно претставува враќање на „Островот“ каде претходно ги бранеше боите на Вулверхемптон.

За разлика од него Мекнил продолжува со настапите во елитата на англискиот фудбал. 22-годишниот напаѓач претходната сезона настапуваше за Барнли, а се очекува да го замени Ричарлисон кој во текот на летото премина во редовите на Тотенхем.

Се вчитува...